“Касни порасни”, “Зоки Поки”, “Доктор Офболи”, “Приказни по телефон” – книги кои ќе ве вратат во детството

Секој човек пораснал со овие книги. Тогаш секоја книга, секоја страна беше интересна, шарена и убава...

Книги, кои се читаа, а не се бараше за нив на интернет.

Ние ќе се обидеме за миг да ве навратиме во убавините на детството од минатото.

Касни порасни ” –Петре М.Андреевски

Најтешката одлука беше за кое овошје да се одлучиш. Праска, лиубеница или јагода. За секое овошје по една песничка. Ова беше правата лектира која беше задолжителна за да се прочита и задолжително да се научи по една од песничките.

Лубеница

Ах, таа лубеница, таа деница

среде поле, ко негова реченица,

дали има нешто повеќе што блажи,

не може со полна уста да се каже...

Само една пчела остана да бучи,

верувајќи дека друго ќе се случи.

“Зоки Поки” – Оливера Николова

Кога ќе се спомене Зоки Поки, со сигурност веќе на памет ви доаѓа и Лидија. Лудориите на оваа детенце се паметат и денеска. Денот на секое дете му почнуваше до него. Денеска и младата и старата генерација знае за него.

“Доктор ОФболи”Корнеј Чуковски

Си живееше еден доктор. Беше добар, предобар. Се викаше Офболи. Тој имаше зла сестра, а таа се викаше Варвара. Од сè на светот докторот најмногу ги сакаше животните. Во неговата соба живееја зајаци. Во шифоњерот живееше верверичка. Во креденецот – врана. На каучот живееше боцкавиот еж. А неговата лоша сестра, Варвара, многу му се лутеше на својот брат дека во собата чува толку животни…

“Приказни по телефон” - Џани Родари

Со книгава се навезени прекрасни приказни со кои ќе уживате читајќи ги, а меѓу нив ќе ги сретнете и следниве: Си бил едно време еден…, Злосреќниот ловец, Дворецот од сладолед, Прошетката на еден расеанко, Дворец за кршење, Земја без сечила, Земјата со претставката ,,не”, Алиса тркаланка, Дожд од бонбони, Вртелешката во Чезантико, На плажата во Остија, Историјата на царството Лапачија, Алиса паѓа во морето, Војна на камбаните, Аполонија Мармаладова…