Картичка "Скопска" на ЈСП - ова се најважните работи

Градот Скопје заедно со ЈСП СКОПЈЕ почна со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и електронскиот систем на наплата, во возилата на јавниот градски превоз. Со воведувањето на системот за автоматска локација на возилата и системот за електронска наплата, се очекува остварување на повеќе економски и социјални придобивки. Подигањето на квалитетот на превозните услуги, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот во Градот.

Во делот на наплатата, овој проект ќе овозможи лесна и брза наплата со намалување на времето на задржување на автобуските постојки. Исто така постои можност за воспоставување на најразлични видови на плаќања (можност за воведување на повеќе различни тарифни системи).

Во делот на информирањето на патниците придобивките се очекуваат да бидат, во брзо навремено добивање на аудио и видео информации за пристигнување на автобусите на стојалиштата преку информационите, дисплеи на самите стојалишта, како и преку СМС и интернет.

Не е за занемарување заштедата на горивото поради рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на постојките, а со тоа и помалото загадување на воздухот.

Персонализирана картичка

Персонализираната безконтактна претплатна картичка содржи основни податоци и фотографија на сопственикот. Невозможно е да се пренесе на друг. Персонализирана картичка може да се добие на 8 локации во градот. Важноста на билетот се менува во зависност на категоријата на граѓани.

За кого е наменета персонализираната картичка? Ваква картичка можат да добијат: возрасни граѓани, ученици од средно и основно образование, студенти, вработени и сите посебно категории на патници кои ги исполнуваат бараните услови согласно прописите на ЈСП СКОПЈЕ.

Предности на персонализираната картичка: Персонализираната ги има следните предности во однос на Неперсонализирата картичка: - овозможува користење на месечни билети - овозможува контрола на трансакциите преку WEB апликација

Аплицирање: Оваа картичка можете да ја добиете во 8-те центри за изработка на картички.

Постапката е следна:
- се идентификувате и ги доставувате потребните документи за купување на билет
- вработениот ве фотографира, ги внесува податоците во системот и ја печати картичката
- целата постапка трае неколку минути
- дополнителни информација во врска со издавањето на картичките можете да добиете на WEB страната www.skopska.mk и во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ.
 

Неперсонализирана картичка

Оваа картичка може да ја користи секој патник и не содржи лични податоци. Картичката има функција на електронски паричник кој може да се надополнува со одреден паричен износ и истиот се користи се додека има парични средства на него.

Аплицирање: Картички можете да добиете во 60 продажни места во градот како и на 3 автомати за издавање и дополнување на картички. - празната електронска картичка ја надополнувате со одреден износ и со тоа вашата картичка добива функција на електронски паричник.

Употреба во автобус

Влезот во возилото е исклучиво и задолжително на предната врата на автобусот каде е лоциран валидаторот (уред на кој сите видови на билети задолжително мора да се прочитаат/поништат/евидентираат).,

Сигнализација

Доколку картичката е исправна валидаторот сигнализира со зелено светло. Во случаеви на неисправна картичка, системот информацијата ќе ја прикаже на екранот од валидаторот и ќе ве информира дека валидацијата е неисправна, сигнализирајќи црвено светло.

Зошто е многу важно секој патник да се валидира? Доколку не ја валидирате картичката при влегување во автобусот, ќе се смета дека не поседувате важечки билет! Секој патник е неопходно да се валидира при секое влегување во автобусот со што ќе се добијат податоци за протокот на патници во автобусите во секое време, по оделни постојки и линии, со што ќе се овозможи подобра оптимизација на возните редови и обезбедување поквалитетен превоз на патниците.

Плаќање со мобилен телефон

Системот овозможува и опција за плаќање со мобилен телефон - со повикување на специјано наменет број од сите типови на мобилно телефони. Значи се врти бројот на пример 184 се приближува мобилниот телефон до валидаторот и потоа валидаторот дава потврда за плаќањето. Плаќањето со мобилен телефон ќе биде за нијанса поскапо во однос на плаќањето со картичка , а времетраењето е 2-3 секунди.

За повеќе информации погледнете го видеото: