Карпошани ќе спортуваат на подобри игралишта

На новите игралишта за баскет и фудбал во ООУ „Војдан Чернодрински” започнаа Училишните спортски лиги во Карпош.
Во летниот период, се направија и нови игралишта во „Јан Амос Коменски”, а се реконструираше и спортската сала.

-Со подобрување на спортската инфраструктура продолживме и во „Петар Поп Арсов”, како и на игралиштата во Бардовци и Жданец.
Училишните спортски лиги овозможуваат развој на талентот кај сите основци, а нашата цел е да ги мотивираме младите да спортуваат,вели градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

Овие денови, во Македонија се одбележува и Европската недела на спортот, а од особена важност се придобивките кои ќе ги имаат младите од младинските програми на ЕУ кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите на полето на спортот и размена на вештини и знаења со нивните врсници од Европа.