Карпош и градоначалникот Богоев меѓу „топ“ наградените еко општини

Општина Карпош е добитник на високо признание - награда на конкурсот за „Избор на најеколошки Градоначалник и Општина за 2018 година“, кој го организираа „Балкан Еко Институт„ и „Пакомак“.

По тој повод, денеска, во просториите на Стопанската комора, генералниот менаџер на пакомак,Филип Иванов на градоначалникот Стефан Богоев и на другите добитници свечено им ги врачи наградите за псоебен придонес во сферата на заштитата на човековата околина. Градоначалникот и Општината ја освоија третата награда за тоаколку вложуваат во екологијата, колку проекти имаат во таа сфера, за активностите на полето на заштита на животната средина во изминатата 2018 година, како се справуваат со еколошките проблеми и сл.

Поадатоците говорат дека во овој период, во Општината значајно е зголемено меѓублоковското зеленило (зеленилото меѓу зградите), со повеќе од 300 засадени садници. Освен тоа, со доделувањето на субвенциите за велосипеди на директен начин се поттикна ова алтернативно превозно средство кое помалку загадува.

Исто така, новиот систем на работа на хигиеничарите и успешната соработка со голем број граѓански организации и со приватниот сектор, меѓудругото, придонесе Карпош да ја добие оваа награда.

Градоначалникот Богоев се осврна на еко - активностите во тековната година и оина што на еко план ќе се работи во најблиска иднина, ставајќи акцент на новиот Спортско - Адреналински парк:

- Наскоро започнуваме со изведба на новиот парк долж Кејот на реката Вардар (од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец). Со тоа целосно ќе се оплемени овој потег, кој сега е девастиран и трајно ќе спречиме палење на огнови на отворено или создавање на диви депнии. Зелената офанзива ќе продолжи и оваа пролет, со засадување на повеќе од 280 развиени садници. Концептот за зелен Карпош нема алтернатива, рече Богоев.

Исто така, со новите хидраулични контејнери кои ќе се постават во соработка со Град Скопје треба значително да го подобрат управувањето со отпадот и хигиената во населбите.

Општина Карпош од страна на „Пакомак“ беше посебно истакната по најголемиот обем на собран стаклен отпад, односно Капрош и Центар собрале по речиси 400 тони стаклена амбалажа што е е своевиден рекорд во државата, споредено со сите други општини.
Првото место на овој Конкурс го освои градот Прилеп, второто место му припадна на Кавадарци, а Карпош ја подели третата награда со соседната Општина Центар.

Локалната самоуправа и Секторот за животна средина и енергетска ефикасност продолжуваат со интензивни активности за заштита на животната средина и оплеменување на јавните површини.