Одлична музика и многу забава - четири викенди на поголем број на локации во рамки на големиот настан СУПЕР СКОПЈЕ. Секој петок и сабота, на различна локација, скопјени и посетителите на Скопје ќе имаат можност да ги проследат настапите на голем број на музички ѕвезди од домашната и регионалната музичка сцена.

Со спектакуларниот концерт на Бајага и Инструктори и официјално заврши првиот викенд со многу музика и забава во рамки на проектот „Супер Скопје“. Претходната вечер Кејот 13 Ноември беше исто така преполн каде свој концерт одржа Сергеј Четковиќ.

Овој петок забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ. Во сабота скопјани ќе се забавуваат на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Офкестра (Offchestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

Првиот викенд од септември градот најавува голема забава со Ди Џеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева во петок и Ди Џеј Дела (DJ Dela), Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе во сабота.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, кој за организацијата на овој настан ги избра „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .