Каролина и Жељко Јоксимовиќ со настап пред македонската публика

Во рамките на годинашната 13-та по ред „Велешка питијада", свој настап во Велес овој петок ќе има македонската ѕвезда Каролина Гочева, додека во сабота ќе настапи Жељко Јоксимовиќ.

Освен нив, на сцената пред велешката публика во петок ќе настапат и Љубојна, Елена Велевска, Група Виртус и други. Саботната вечер ќе биде исполнето со хитови на Дани Димитрова, Тропико Бенд. Во недела посетителите ќе уживаат со хитовите на Eye Cue, Нокаут, ДНК и Ван Гог.

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата „Велешка питијада 2016“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.