Карл Густав Јунг е познат швајцарски психијатар (26 јули 1875-6 јуни 1961) кој е основач на движењето познато како аналитичка психологија.

Ддоека растел, тој често бил предмет на потсмев и малтретирање од неговите врсници.  Бил многу осамен и не му обрнувал премногу време на училиштето. Иако неговиот прв избор бил археологија, сепак подоцна продолжил на студии по медицина каде се насочил кон психијатријата.

Тој често во своите книги зборува за злобните луѓе, истакнувајќи дека тие никогаш не можат да бидат добри.

Тој вели:

Има луѓе кои мислат дека ширењето на позитивната енергија може да се научи, дека постојат зборови, реченици и фрази кои создаваат позитивна енергија сама по себе.

Но, не е така!

Енергијата – позитивна или негативна се наоѓа во човекот.

Не може од човекот да излезе нешто што не постои во него. За да можеме да шириме мир, најпрвин мораме да се исполниме со мир. За да можеме да шириме радост, прво нашето срце треба да биде радосно.

Во спротивно, и зборовите на најголема утеха ќе звучат како напад од устата на незадоволниот човек.