Кардиолозите апелираат да не излегувате од дома без потреба - загадениот воздух прави големи здравствени проблеми

Аерозагадувањето е многу штетно за оние кои имаат проблем со срцето.  

Овие денови кога тешко се дише и опасните ПМ честички се и 10 пати над дозволеното, кардиолозите ги предупредуваат нивните пациенти да седат дома, бидејќи штетните честички може да направат проблеми.

Аерозагадувањето има хронично влијание врз кардиоваскуларниот систем и овој период постојано им фали кревет повеќе.

Покрај кардиолозите апелираат и педијатрите, родителите да не ги изнесуваат надбор своите деца, особено кога воздухот е многу загаден, бидејќи и Клиниката за детски болести е полна со пацинети.