Карантинска забава во недела со диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби и диџеј Фици

Во недела, 17 мај, во Зелената градина на Градскиот трговски центар во Скопје во недела, ќе се случи една од најдобрите забави во карантин досега!

Најдобрите диџеи, собрани на едно место под мотото Се собравме за вас“, ќе пуштаат музика од 20:00 до 23:00 часот.
Диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици, сите собрани во Зелената градина, на кровот од ГТЦ, со различни битови и стилови на музика ќе приредат неверојатна забава за љубителите на убавата музика, забавата и танцувањето.

Настанот ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на  Сити Радио или директно на радио фреквенцијата на Сити Радио, 94,7 ФМ, соопштија организаторите.