Карактерот на човекот е негова судбина

Уште од антички времиња филозофите се труделе да ја одгатнат големата мистерија за смислата на животот. Поради тоа денес имаме многу пишани записи со мудри  размисли кои ни даваат различни совети и мисли за животот.

Денес издвоивме неколку моќни животни мисли од античките филозофи кои ќе ви дадат причина за размислување за многу животни ситуации.

„Грижите би требало да нѐ водат кон дејствување, а не кон депресија. Човек кој не може да се контролира самиот себеси не е слободен.“ – Платон

„Богати се оние кои немаат желби, а просјаци се оние кои постојано сакаат да имаат повеќе.“ – Диоген

„Богатството не се мери според материјалните вредности кои ги има човек, туку според честа која ја стекнал.“ – Епикур

„На Бог му е сеедно, доброто и злото се поими измислени од луѓето.“ – Хераклит

„Човек треба повеќе да се грижи за душата отколку за телото.“ – Демокрит

„Еден човек кога видел дека некој собира пари за боговите, рекол: „Не сакам ни да слушнам за богови кои просат“.“ – Плутарх

„Духовитоста е дрскост која стекнала образование.“ – Аристотел

„И кога си сам не треба да правиш, ниту да помислуваш на нешто лошо. Научи повеќе да се срамиш пред себе отколку пред другите.“ – Демокрит

„Искуството е најдоброто школо, штета што школарината е многу скапа.“ – Сократ

„Јас знам само една работа, а тоа е дека ништо не знам.“ – Сократ

„Карактерот на човекот е неговата судбина.“ – Хераклит

„Знаењето кое го имаме е само трошка од она што го немаме.“ – Платон

„Животот е налик на Олимписки игри: едни тргуваат, други гледаат, трети се борат.“ – Питагора

„Ако сакате да направите нешто големо, целиот свој живот вложето го во тоа.“ – Платон

„Книгите се ладни, но доверливи пријатели.“ – Сократ

„Луѓето не се злобни со намера, туку од незнаење. Треба да знаеш што е добро за да можеш да правиш добро.“ – Сократ

cheap nike free run 5.0