Капитенот на ФК Вардар на мета по својот коментар

Капитенот на Вардар Бобан Грнчаров се најде на мета по својот коментар кој го остави на слика од преполниот тетовски стадион, во кој се вели: „Најдобра публика имате“.

Коментарот доаѓа непосредно пред неделното дерби кое ќе се одигра во Скопје помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Очекувано, фановите на Вардар го доживеаа ова со неверување, бидејќи капитенот на нивниот омилен клуб смета дека навивачите на моментално единствениот ривал се најдобри во Македонија. Набрзо Грнчаров излезе со демант дека воопшто не мислел на конкретната навивачка група „Балисти“ од Тетово, туку едноставно смета дека во македонската фудбалска лига реткост е некоја екипа да го наполни стадионот.

-„Таму имаше 11.000 народ и кога гостува тимот има по 5.000 публика. Навистина е реткост да се игра пред толку многу публика во Македонија.“ се вели во демантот на Грнчаров.

Натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Шкендија се игра в недела на арената „Филип Втори“ со почеток од 16:00 ч.