Камчев: Боки и Катица ми испратија слика со закана дека спремаат нешто големо, откако ги откачив за првата понуда

Во Судот сведочи Јордан Камчев кој рече дека откако го откачил Боки за некакви проекти од кои би имал загуба десетици милиони евра, дека му испратил слика со обвинителката на Инстаграм со напис дека се спрема нешто големо, пренесува ТВ21.

„Јана и Александра, а од страната на Бојан беа присутни Јасна Мандиќ, донесоа некои бројки, повторно беа копи-пејст од некоја друга држава, туку беа само нафрлени само да се земат средствата. После мојот тим направи пресметки, и требаше да бидеме во загуба 10 милиони евра. И тоа го откачив, он беше лут кон мене, Милески ми рече дека „Дај да седнеме Боки може да прави лоша реклама кон болница, фирмите…“ Буџетот од 2018 беше потрошен, се согласив да му платиме реклама пи-ар, иако до ден на денеска не добивме извештај за никаква реклама во неговата телевизија.

Му платив 170 илјади евра на два договори, едниот од Систина, и едниот преку агенцијата Орка Холдинг Медиа.

После тоа откако не му ги здоволив желбите со проектите, му пуштија слика со обвинителката дека се подготвува нешто големо и ми рекоа ќе видите се спрема нешто големо, затоа што не сум ги задоволил нивните желби“, рече Камчев во Судот.