Калиум: Природен стабилизатор на крвниот притисок, заштитник на бубрезите и крвните садови

Огромен број луѓе во светот страдаат од покачен крвен притисок, кој според податоците на Светската Здравствена Организација (СЗО) е една од најчестите причини за смрт од мозочни и срцеви удари.

Една од причините за тоа е дека луѓето се свесни дека ограничениот внес на натриум е клучен за спречување и лечење на високиот крвен притисок, но многу мал број обрнуваат внимание на другиот клучен елемент – правилен внес на калиум. Алиша Мекдоналд, професор по молекуларна и невробиологија на универзитетот во Колумбија спровера опширно истражување, обидувајќи се да ја утврди поврзаноста меѓу крвниот притисок, натриум и калиум.

Според неа, ако се храните со типичен начин на исхрана кој е карактеристичен за повеќето луѓе, веројатно внесувате премногу натриум, а малку калиум. Тоа ги зголемува шансите за појава на висок крвен притисок, исткануваа таа. Според Мекдоналд, исхраната која содржи намирници богати со калиум, може да биде клучна стратегија во борбата против крвниот притисок, кој ги предизвикува мозочните и срцевите удари.

Ова се намирниците кои се богати со калиум:

Зелена репка (1309 мг во една чаша)

Блитва (961 мг во една чаша)

Спанаќ (839 мг во една чаша)

Цвекло  (518 мг во една чаша)

Зелка ( 494 мг во една чаша)

Банана (42 мг во една чаша)

Брокули  (457 мг во една чаша)

Диња (427 мг во една чаша)

Домат (427 мг во една чаша)

Калиумот е одличен поради тоа што покрај што делува превентивно на појавата на високиот притисок, правилниот внес на калиум придонесува и за одржување на крвните садови, и подобрување на работата на бубрезите.