Понеделник 5.12.2016

Кино Култура

[19.30] Контра Кадар СК33: Witness for the Prosecution,тема: Правда

Дали правдата е слепа?

Witness for the Prosecution е една од најдобрите адаптации на романите на Агата Кристи на големото платно. Ненадминливиот раскажувач Били Вајлдер(BIlly Wilder) заедно со прекрасната актерска екипа, предводена од Марлена Дитрих, не води низ еден интересен заплет, кој на крај не остава да се прашуваме, каде е правдата?

Дали правдата е воопшто возможна? Што всушност претставува правдата? Со цел да одговориме на овие прашања кои филмот отворено ги поставува свое гостување ќе имаат професорите од Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ана Димишковска и доц. д-р Ристо Солунчев.

Влез: Бесплатен

Кинотека на Македонија

[20.00] Docucroata – Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје

Заедницата на Хрвати во Македонија во соработка со Хрватскиот аудиовизуелен центар и Кинотеката на Македонија организира Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје на 5, 6 и 7 декември 2016 година.

Во овие три вечери ќе имате можност да гледате избор од најновите хрватски документарни филмови, а темите кои ќе ни ги доближат овие филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциите.

Програма на линкот во насловот.

 Рок Кафана Рустикана 2.0

[21.00] Неделна програма

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova и Никола за среќен почеток на неделата.Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Аце и Јоце во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Акустична вечер со Кума и Црни старт после 21:30.

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Вторник 6.12.2016

МОБ

Концерт на Симфонискиот оркестар со солисти  на Факултетот за музичка уметност

Како што веќе кажавме, оваа година ФМУ го прославува својот 50 роденден. Во чест на овој јубилеј, годинава факултетот приреди низа свечености, преку кои ја покажа својата успешна досегашна работа и своите достигнувањата на полето на музичкото образование. 

Последниот концерт во оваа јубилејна година е традиционалниот концерт кој се одржува секоја година на 6-ти декември. Имено, овој вторник, во салата на Македонската опера и балет, сегашни и поранешни студенти на Факултетот за музичка уметност ќе приредат незаборавен настан за сите присутни. 

Симфонискиот оркестар, Биг бендот, Хорот „Драган Шуплевски“, студентите од студиските програми за соло пеење и народни инструменти, како и македонскиот сопран со светска слава Ана Дурловски, премиерно ќе изведат повеќе значајни дела од светската музичка уметност – финалето од Патетичниот ораториум- „Сонцето и поетот“ на рускиот композитор Георги Свиридов, „Jeu De Cartes – Troisième Donne“ на рускиот композитор Игор Стравински, „Le Boeuf sur le Toit“ на францускиот композитор Дариус Мијо, "Bachianas Brasileiras No.5"- Aria (Cantilena) од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, како и делото „Estancia – Danza final (Malambo)“ на аргентинскиот композитор Алберто Гинастера. На концертот ќе се изведе и делото „Твојот пат“ на македонскиот композитор Живојин Глишиќ, кое е напишано токму за овој јубилеј на Факултетот. Скопје по повод 50 години од неговото постоење,  кој ќе се одржи на 06.12.2016 година, во Македонската опера и балет  со почетокво 20:00 часот.

Почетокот на концертот е во 20 часот, а билети може да се резервираат преку fmu@fmu.ukim.edu.mk.

Музеј на современа уметност – Скопје

[14.00] Ликовната критика денес / годишен симпозиум на AICA Македонија

Настанот е во организација на Управниот Одбор на АICA Македонија.

Во рамки на програмата на симпозиумот ќе се случи доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“ за најдобар истражувачки проект од областа на ликовната критика на овогодинешниот добитник Велимир Жерновски, како и презентација на неговото истражување „Шарена револуција!? (Контекстуални предизвици на граѓанскиот отпор и уметниковиот активизам)”.
Другиот дел од програмата се состои од работна сесија насловена „Улогата на ликовната критика во ерата на дигиталните медиуми“ по концепт и модераторство на Нада Пешева.

Подетална програма на линкот во насловот

Public Room

[20.00] Изложба на Спин и Светлосна врска

Студиото Спин и Светлосна Врска ве покануваат на заедничка изложба на која ќе бидат претставени нови и свежи дизајни .

Студиото Спин ќе ги презентира дизајните од последниот проект Ретро Визија, чија главна цел и овојпат е подигнување на еколошката свесност на конзументот за реупотреба на стариот мебел, предмети и материјали кој се дел од секојдневјиот отпад.

Светлосна Врска е проект кој има идеја да направи поврзување помеѓу традиционалната македонска применета уметност односно македонскиот народен вез и современиот индустриски дизајн и да создаде уникатни парчиња мебел за домот, во случајов столни лампи и лустери.

Продолжува на наредната страна......