Какво време нѐ очекува до крајот на неделата?

Денес е среда, 9 ноември 2016 година, 314-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:10, а ќе зајде во 16:23 часот. Денот ќе трае 10 часа и 13 минути. 


Ова утро во Македонија имаме облачно време со врнежи од дожд кои што се проследени со засилен ветер, но и утрински температури кои се повисоки од просечните за овој период од годината. Во раните утрински часови само во крајните југоисточните предели беше облачно.

МАКЕДОНИЈА – Врнежите од дожд продолжуваат и во текот на денешниот ден. Во раните утрински и претпладневните часови поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели каде локално се очекуваат да наврнат и над 40 литри дожд, додека пак околу пладне и попладне поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели, локално и над 30 литри дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Над 1800 метри се очекуваат врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер. Минималните температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните температури до 10 односно до 18 степени. 

СКОПЈЕ – Во Скопје во среда облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Ќе дува доумерен јужен ветер. Минималната температура од 10 степени, а максималната дневна до 15 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и постудено време со пад на температурите. Во крајните западни како и северозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд и снег на планините. Максималните температури од 7 до 16 степени. Во петок преодна стабилизација на времето, претежно сончево со локална облачност и температури од 9 до 18 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со послаб интензитет и температури од 6 до 15 степени, над 1400 метри со врнежи од снег. Во недела претежно сончево време со локална облачност и температура од 7 до 16 степени. 

Weather4all.com.mk