Какво време не очекува викендов и во почетокот на наредната недела?

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево, а преку денот ќе има мала до умерена локална облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 10, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност претежно висока. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Релативно топло време ќе се задржи и в понеделник. Од недела следува период на променливо облачно време со локални слаби врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава, а од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух особено во вторник и среда кога ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура.