Какво време не очекува на почетокот на наредната недела?

Во сабота во утринските и петпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која што во северозападните, северните и североисточните предели ќе услови слаби врнежи од дожд, а над 1500 метри слаби врнежи од снег. Температури од 6 до 13 степени.

Врнежите од дожд во текот на ноќта кон недела како и во недела ќе се прошират насекаде во Македонија, а во недела дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени.

Во недела над 1200 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Од понеделник повторно стабилизација на времето, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и температури од 5 до 12 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло со дневни температури од 8 до 15 степени.