Какво време не очекува денес и во текот на оваа недела?

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачсност и слаба магла.

Температура ќе се движи од 16 до 23 степен.

Во Скопје слично време со температура до 21 степен.

Повеќе сончеви периоди ќе има во вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини.  Во среда кон крајот на денот под влијание на студена воздушна маса ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и опаѓање на температурата во следните денови.