Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето во Македонија е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниска температура од -2 степена утрово е измерена во Берово. Во Маврово и Лазарополе 0 степени, 1 во Виница, 2 степена во Крива Паланка и Пожаране, 3 во Куманово, Охрид, Дебар, Претор и Ѓуриште, 4 степени во Скопје, Прилеп, Тополчани, Тетово и Струмица, 5 во Штип и Битола, 6 во Дојран, 7 во Гевгелија и 8 степени во Демир Капија.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 17 сантиметри е измерена во Маврови Анови. Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог, 6 литри на метар квадратен имало во Дебар, 4 во Претор, 3 во Тетово и Пожаране, 2 литри на квадратен метар во Маврово ни Охрид и еден во Лазарополе и Битола. 

Во текот на денов ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локално се очекува да наврнат над 10 литри на квадратен метар.  Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. 

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд.и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура денес и утре благо ќе опадне. Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време.