Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14 степени, а дневната од 19 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник на места ќе има врнежи од дожд кој локално ќе биде пороен со грмежи, особено на југоисток. Повеќе врнежи и на повеќе места ќе има и во среда. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.