Какво време не очекува денес и во наредните неколку дена?

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 32  степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер и со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во наредните денови ќе има стабилизирање на времето и температурата постепено ќе се покачува.

Утре и задутре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.