Какво време да очекуваме за време на големиот празник - Велигден?

Денес е вторник, 11 април 2017 година, 101-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:55, а ќе зајде во 19:13 часот. Денот ќе трае 13 часа и 18 минути.

Пролетно, сончево и топло утро имаме денес во Македонија. Понекаде во северните и североисточните предели има појава на локална облачност, во останатите предели ведро и сончево време. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес имаме потопло утро со повисоки утрински температури кои се движат од 1 до 8 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните источни и североисточни предели со услови за развој на нестабилност која може да донесе и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се движат од 15 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. 

СКОПЈЕ - Во Скопје претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Слаб ветер од променлив правец. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 23 степени. Доцна попладне со услови за сосема слаби врнежи од дожд. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда, по топлото утро со температури од 3 до 11 степени, во текот на денот ќе биде сончево и топло, иако дневните температури ќе бележат благо опаѓање и ќе се движаѕ од 13 до 23 степени. Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури од 16 до 26 степени. Претежно сончево со локална облачност и надпросечно топло ќе биде и во петок и сабота. Минималните температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните ќе се движат од 16 до 26 односно од 17 до 27 степени. 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда сончево и топло време со температура до 21 степен. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и дневна температура до 24 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и многу топло време со максимални 25 степени. 

Weather4all.com.mk