Kакво време да очекуваме од наредната недела?

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота се очекува преодна стабилизација на времето, и ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните температури од 22 до 32 степени.

Претежно сончево со локална облачност во најголем дел од Македонија ќе биде и во недела, само во крајните северозападни, западни и североисточни предели со услови за врнежи од дожд. Температурите од 21 до 31 степен.

Во понеделник и вторник не очекува нова дестабилизација на времето кога Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација, и продор на постуден воздух кој ќе услови и пад на дневните температури. Во понеделник максималните температури од 17 до 27 степени, а во вторник тие ќе се движат во интервал од 18 до 28 степени.

Weather4all.com.mk

new nike air max 2019