Денес е петок, 30 декември 2016 година, 365-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:05, а ќе зајде во 19:53 часот. Денот ќе трае 14 часа и 48 минути. 


Ова утро во Македонија имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со утрински температури кои што се во опаѓање во однос на претходните денови, иако овие температури не се под просекот за овој период од годината. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време. Во попладневните часови зголемување на облачноста во крајните југозападни предели а во Охридско-Преспанскиот регион постојат и услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура од 8 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота претежно сончево и топло време со пораст на температурите. Доцна попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд кои ќе изостанат во југозападните и југоисточните предели. Утринските температури од 4 до 13 а дневните од 20 до 30 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со осетен пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Во понеделник утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22 степени, а во вторник утринските од 2 до 11 степени, а максималните од 16 до 26 степени.

Weather4all.com.mk