Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Во сабота претежно сончево и топло време со пораст на температурите. Доцна попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд кои ќе изостанат во југозападните и југоисточните предели.

Утринските температури од 4 до 13 а дневните од 20 до 30 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со осетен пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени.

Во понеделник и вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Во понеделник утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 22 степени, а во вторник утринските од 2 до 11 степени, а максималните од 16 до 26 степени.