Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е среда, 23 август 2017 година, 235-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:44, а ќе зајде во 19:26 часот. Денот ќе трае 13 часа и 42 минути. 

Уште едно невообичаено сончево и свежо утро со утрински температури кои што и не се карактеристични за овој период од месец август, туку наликуваат на есенски утра. Но сеште имаме летни денови пред нас, па веќе од утре температурите ќе се вратат во границите на повеќегодишниот просек. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес уште едно невообичаено свежо утро во утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 4 до 14 степени. Во текот на денот сончево и потопло време со дневни температури кои што ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до 21 односно до 31 степен, температури кои што и денес ќе останат под просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе биде со посилен интензитет долж повардарието. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна до 28 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови сончево и се потопло време со пораст на дневните температури, иако температурите во текот на ноќта и во раните утрински часови ќе бидат невообичено ниски за овој период одгодината. Во четврток и петок сончево и потопло време. Утринските температури од 6 до 16 степени, односно од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 33 односно од 25 до 35 степени. Сончево и потопло време ќе имаме во деновите од викендот односно во сабота и недела, минималните температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните температури од 26 до 36 односно од 27 до 37 степени. 

Weather4all.com.mk