Денес е среда, 19 април 2017 година, 109-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:43, а ќе зајде во 19:22 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39 минути. 

Во утринските часови во Македонија преовладува претежно облачно, топло и ветровито време со удари на ветер и до 80 км/ч од југоисточен и југозападен правец. Во северозападните и северните предели започнаа врнежите од дожд кои во наредните часови ќе се прошират и во останатите предели. 

МАКЕДОНИЈА - Во текот на денот не очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат попладне и тоа во во североисточните и источните предели. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч кој попладне постепено ќе слабее и ќе го намалува својот интензитет. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 6 односно до 17 степени. УВ индексот ќе има вредност 1. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно облачно со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени. УВ индекс 1. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток студено утро со утрински температури од -3 до 6 степени, а во текот на денот умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд и свежо време со дневни температури од 4 до 15 степени. Во петок ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во крајните источни и во западните предели со услови за локални врнежи од дожд и посвежо време со температури од 2 до 13 степени. Во сабота преодна стабилизација на времето, по студеното утро со температури од -6 до 3 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и температура до 6 до 17 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време и потопло време со максимални температури од 9 до 20 степени. 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и температура до 12 степени. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и свежо време со максимални 10 степени. Во сабота по студеното утро во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло време со температура до 14 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и температура до 17 степени.

Weather4all.com.mk