Какво време да очекуваме до крајот на месец мај?

Денес е понеделник, 29 мај 2017 година, 149-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:58, а ќе зајде во 20:02 часот. Денот ќе трае 15 часа и 04 минути.


Првото работно утро од новата седмица го започнуваме со претежно сончево но и посвежо време, а во јужните и југоисточните предели има појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневните температурите. Попладне во западните, југозападните како и во источни предели со услови за развој на нестабилност која што ќе услови слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 18 до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Минималната температура од 10 степени, а максималната дневна до 26 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Слично време и во вторник, претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во западните и источните предели со услови за локални врнежи од дожд. Утринските температури од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 30 степени. Во среда ќе биде претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината, минималните температури од 8 до 16 а максималните од 22 до 32 степени. Во четврток и петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време, а во попладневните часови постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, но условите за такво нешто барем засега се минимални, но мора да ги споменеме. Максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 33 степени, односно од 22 до 32 степени. 

Weather4all.com.mk