Какви забави ќе има овој викенд во скопските дискотеки?

Рок Кафана Рустикана 2.0

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

*Сабота – Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
Кума и Црни за стандардно добра саботна забава со старт после 21:30

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

VOX Night Club

Гнездо

Професорите по музика се во сабота повторно во Гнездо да ни дадат уште една лекција. За сите љубителина џипси свинг џез сабота од 21:00 во Гнездо е местото каде треба да бидете. Телефони за резервации 02/3212-830 и 078/306-010.

Concept 37

Дистрикт 
Од 10ти до 14ти ноември во Дистрикт, барот и ресторан во Скопје Мериот хотел, ќе се одбележува празникот по повод Денот на Свети Мартин. Универзално познатиот празник во овој интернационален ресторан ќе биде одбележан со специјална понуда на менито за ручек и вечера, кое ќе вклучува стартери, главен оброк, супи и десерти. Празничното мени соодветно на традицијата на овој ден вклучува специјалитети од месо од гускa.

Денот на Свети Мартин денес пред сè е обичај на јадење месо од гуска приготвено на разни начини. Големото и богато искуство на Шефот на кујната на Дистрикт, ветува многу уникатни специјалитети што вреди да се пробаат, а ова е одлична можност за тоа.

Глобалната традиција, Денот на Свети Мартин се одбележува на 11ти ноември, со различни активности и го означува времето кога есенската сеидба е веќе завршена. Гуската станала симбол на Свети Мартин поради легендата која вели дека кога Свети Мартин се обидувал да избегне да биде ракоположен за епископ, се скрил во кошара за гуски, но бил издаден од гакањето на гуските.

Badu Bar

Станица 26

XO eXtraOrdinary Club

Петок 11.11 - Beta House & Irie Scratch
Сабота 12.11 - CONTE [SRB], warm up DJ BOBI [94,7]