Какви гради такво либидо!

Пјеро Лоренцони е италијански сексолог кој тврди дека карактерот на жените и нивните сексуални склоности, може да се проценат врз основа на обликот и големината на нивните гради. 

Гради како диња
Според Пјеро, жените со големи, кружни гради кои личат на дињи, можеби на прв поглед делуваат мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквите жени обожаваат да јадат, сакаат да им угодуваат и да им се восхитуваат.И тие се премногу заинтересирани за секс.

Гради како Лимон
Градите како лимони, укажуваат на „жешка" партнерка. Таквата жена е полна со живот, умее да се насмее од срце, а во креветот сака разновидност.

Гради како ананас
Жените со гради кои наликуваат на ананас, оставаат впечаток на интелигентни жени. Сопственичките на необично наречениот облик на гради, се успешни во својата кариера, но се и романтични и верни љубовници.

Гради како грејпфрут
Жените кои ги имаат овие гради, се одликуваат со скромност и едноставност. Таа ќе го разгалува својот партнер, и нежноста ѝ е поважна од сексот. Иако изгледаат многу еротски, сопственичките на такви гради се срамежливи.

Гради како портокал
Жените со гради како портокал, се самоуверени и добро знаат кои се нивните животни приоритети.

Гради како цреша
Кога градите се како цреши, тогаш станува збор за жени кои се интелигентни, многу забавни и возбудливи. Тие се прилично посветени во сексот.

Гради како круша
Жените со гради во облик на крушки ја сакаат љубовта. Пријатни се, но и нескротливи и самостојни. Неверни се, бидејќи ги сакаат авантурите, а сексот за нив најчесто претставува чиста екстаза.

Гради како јаболко
Жените со вакви гради наводно се фригидни, тие тешко доживуваат оргазам, но во креветот би пробале баш сѐ. Не сакаат да ги менуваат партнерите и најчесто се попаметни од своите мажи.

Гради како домат
Според Лоренцони, жените со овој тип на гради се преполни со љубов и во животот уживаат со цела своја душа. Тие лесно се заљубуваат и сакаат да бидат доминантни.