Каква новогодишна желба треба да имате, според вашиот хороскопски знак?

Новата Година ни е на прагот, па можете отсега да ја испланирате својата новогодишна желба. Хороскопот може да ви помогне во тоа.

Овен – Вие сакате да уживате во моментот, сакате да ги водите другите, независни сте и отворени и луѓето ве обожаваат. Некои можеби ќе речат дека сте дете во срцето и затоа вашата новогодишна желба треба да биде поврзана со нешто такво. Соберете ја конечно храброста која ја имате и преземете ризик да го направите тоа што долго време ви стои во глава – преселба во странство, банџи скокање, одмор на некоја далечна дестинација.

Бик – вие сте смирени личности и иако сакате многу, сепак не им дозволувате на луѓето да ви се приближат. Се плашите од тоа да не бидете повредени. Вашата желба за следната година треба да биде поврзана со тоа конечно да почнете да си верувате себеси повеќе, да не се плашите да направите промени и преземете ризици и да излезете од својата комфорна зона.

Близнаци – сакате да бидете пред другите и имате репутација дека сте лидерот и оптимистот во друштвото. Понекогаш сте премногу љубезни, но знаете многу малку за нештата бидејќи не се фокусирате само на едно нешто, туку на повеќе работи истовремено. Вашата новогодишна желба треба да ви биде конечно да успеете да се фокусирате на едно нешто и да почнете да им помагате на другите. Фокусирајте се конечно на нешто што ќе ви помогне да напредувате, наместо на постојано трачарање или пак само обид, без сериозност да им помогнете на другите.

Рак – вие сте многу контрадикторна личност, често се грижите многу за другите околу вас, но знаете да бидете и љубоморни и да имате промени во расположението. Минувате низ различни искуства и фази и вашиот живот никогаш не мирува за вас. Оваа година потрудете се конечно да се пронајдете себеси, да ја најдете работата која ви одговара, личноста која ќе ве сака и едноставно работи кои ќе ве приземјат и ќе спречат да се чувствувате празно и неисполнето.

Лав – вие сте водени од вашето срце, а не од вашиот разум. Харизматични сте и позитивни и секогаш имате различни можности и интересни луѓе околу себе. Но, за жал имате само многу мало ниво на внимание и често ги повредувате луѓето околу вас, не обрнувајќи им премногу внимание. Оваа година посакајте конечно да се ослободите од своето его, особено кога станува збор за вашите блиски, бидејќи навистина сте им потребни, а вие летате во облаците.

Девица – девиците имаат силна работна етика. Тие се сигурни во себе и сакаат да освојуваат нови нешта. Поставуваат високи стандарди и постојано се трудат да ги исполнат, но не секогаш успеваат во тоа. Освен тоа, се затрупуваат во работа и често забораваат на своите партнери и блиски. Оваа година треба да посакаат и да се потрудат да го исполнат тоа да бидат повеќе релаксирани и повеќе посветени на оние кои им се блиски. Најдете место каде можете да се одморите и опуштете се повеќе во животот. Работата ќе преживее  и без вас.

Вага – постојано се трудите да постигнете хармонија и да избегнете конфликти, но само во себе си наталожувате фрустрации и проблеми. Треба да сфатите дека тоа што можеби ви е важно вам, не им е важно на другите. Не се трудете толку многу да ги исправите нештата. Вашата новогодишна желба нека биде поврзана со убавите нешта во кои уживате во животот. Заборавете на исправањето на работите, најдете го тоа што го сакате и така ќе постигнете повеќе баланс и хармонија од било кога.

Шкорпија – понекогаш делувате премногу зрело, а такви бевте уште од малечки. Имате силна страст, желба за животот и моќ, но и потреба да контролирате се што се случува. Немате потреба од тоа. Вашата новогодишна желба нека биде поврзана да бидете сакани од луѓето кои ви се блиски и конечно да го сфатите тоа, без постојано да барате докажување од нивната љубов. Отворете се и кон другите луѓе, не мислете само на вашите блиски, така можете и повеќе да се опуштите и уживате во животот.

Стрелец – поседувате силна смисла за авантура и сте големи оптимисти. Познати сте по тоа што го сакате уживањето во животот и поради тоа што секогаш го исполнувате тоа што ќе го посакате. Проблемот е во тоа што често сте дефокусирани. Потрудете се вашата новогодишна желба да биде поврзана со тоа конечно да се посветите на тоа што сакате да го постигнете.

Јарец – вие имате способност да балансирате во животот, иако често тоа ви е многу тешко. Се издигнувате над сите препреки и предизвици кои ги имате и сте многу силни личности, но секоја ситуација ве прави поголеми песимисти и побесни на светот. Вашата новогодишна желба нека биде поврзана со тоа да ги исполните зацртаните цели, оние кои никому не ги кажувате, а се поврзани со вашата кариера и унапредување.

Водолија – вие сте креативна личност, која има многу идеи, но некако се откажувате на половина пат. Имате голема мрежа на контакти и луѓето ве обожаваат, но никако не донесувате одлука да направите нешто корисно од тоа. Следната година отворете нов бизнис од многуте идеи кои ги имате или помогнете некому да го направи тоа. Тоа ќе ве направи многу среќни и ќе ви отвори многу идеи и можности за понатаму.

Риби -  за Рибите, новогодишната желба треба да биде поврзана со тоа конечно да почнат да учат од своите грешки и да ги научат лекциите од сите нешта кои им се случуваат. Тие се едни од најдобрите личности во хороскопот, но понекогаш изгледа дека не им оди заради тоа што носат одлуки кои се под влијание на некои луѓе на кои им веруваат, но кои немаат најпозитивна намера.