Каква храна консумираат граѓаните во Македонија - надлежните велат квалитетна, потрошувачете велат храната е далеку од безбедна

Што има на македонските пазари? Колку храната е безбедна? Како да се подобри квалитети? Доволни ли се постојните механизми за контрола?

Од стакло во леб, преку недекларирано коњско месо, па се до свежи пилиња кои претходно неколкупати биле смрзнувани. Се ова може да се најде на македонскиот пазар за храна. Честопати надлежните државни институции ги расчистуваат состојбите, но откако претходно за тоа ќе алармираат потрошувачите. Државата тврди дека ваквите појави се минимални и секогаш санкционирани. Граѓаните пак не мислат така. Велат се реагира кога состојбата станува алармантна. 

Каква храна консумираат граѓаните во Македонија. Ако ги прашате надлежните ќе ви одговорат храната е квалитетна и безбедна, ако прашате потрошувачете ќе добиете одговри дека храната е далеку од безбедна.

Надлежните институции велатд ека државата има механизми за редови и квалитетни контроли.