Skopje etc.
6. December 2016 - 23:53

Каков совет му е потребен на секој хороскопски знак за претстојната 2017-та година?

Веќе полека се приближуваме кон крајот на оваа година. Новата година симболизира и нов почеток, време кога непосакуваните работи треба да ги оставиме во минатото. Во новата година повеќето се стремат кон тоа да бидат подобри личности. Па, според вашиот хороскопски знак, пронајдете го советот кој најмногу ви одговара во претстојната 2017-та година.

Овен

Не донесувајте неразумни одлуки кога сте лути или среќни, туку пред да одлучите нешто, осигурете се дека имате чист ум.

Бик

Нема сите личности секогаш да ве сакаат онолку колку што ги сакате вие, но тоа не значи дека треба да престанете да сакате со целото свое срце.

Близнаци

Живејте го животот што ве прави среќни, а не оној кој другите го очекуваат од вас.

Рак

Престанете да ги обвинувате другите луѓе за вашите грешки и проблеми, зашто во спротивно нема никогаш да ви се подобри животот.

Лав

Ако тревата е позелена на другата страна на оградата, тогаш почнете повеќе да ја наводнувате вашата.

Девица

Никогаш не правете ги приоритет луѓето кои вам ве гледаат само како опција.

Вага

Почнете да откривате што сакате да правите, а потоа пронајдете начин како да бидете платени за тоа.

Скорпија

Никој не е навистина загрижен за тоа што правите со вашиот живот, бидејќи тие се премногу фокусирани на тоа што мислите вие за нивниот живот, па затоа, живејте за себе.

Стрелец

Сѐ е прашање на перспективата и сѐ се сведува на тоа како ќе изберете да реагирате во одредена ситуација.

Јарец

Оваа година ќе имате можност да остварите се, ќе ви се чини дека се се движи многу споро, но тоа ќе ви даде шанса да остварите се што сакате. Фокусирајте се на семејството и на пријателите, не се оптоварувајте со работа, правете работи кои ги сакате и кои ве исполнуваат, тоа ќе ве усреќи.

Водолија

Треба да направите разлика помеѓу она што ви е потребно и она што го сакате, а и да прифатите дека не можете секогаш да го добиете она што го сакате.

Риби

Секогаш верувајте ѝ на вашата интуиција, ако нешто не чувствувате дека е добро, тогаш тоа најверојатно и не е.