Каков му е односот со мајка му, таква ќе ви биде и врската!

Голема е поврзаноста помеѓу мајките и синовите, а од психолошка гледна точка, секој маж кој негува добар однос со својата мајка има многу повеќе разбирање за жените и генерално е подобар партнер. Обрнете внимание на неговиот однос со мајка му, затоа што тоа многу кажува за него.

Обрнете внимание, ако...

... го игнорира вашето мислење на сметка на нејзиното

„Мојата мајка не го прави тоа“ или „мојата мајка вели“ се реченици кои не сака да ги чуе ниту една жена. Тие се сигнал дека вашиот партнер се уште не го живее својот живот и се уште не стекнал сопствени вредности или стандарди. Јасно ставете му на знаење дека вие работите ги правите по свое, а не како неговата мајка.

... таа е совршена во неговите очи

Што и да направи неговата мајка, секогаш и во се е подобра од вас и вие никогаш нема да можете да се мерите со неа. Кога мажот јасно ви става на знаење дека така ве гледа, тогаш тоа е вистинско време да му кажете збогум.

... секогаш ја прашува за мислење

Одлучноста е една од најпривлените карактеристики кај мажите. Консултирање со мајка си за секоја можна одлука (од што да јаде до ручек до крупни одлуки) е јасен знак дека е потполно несигурен. Ако самиот себеси не си верува да донесе одлука, како ќе можете вие да му верувате?

... и се јавува секој ден за да и раскажува за вашата врска

Нема ништо лошо во тоа да комуницираат, но вашиот партнер треба да сфати дека некои интимни детали сепак не сакате да ги делите со неговата мајка. Помеѓу останатото, во неа се создава потребата да биде вклучена во секој аспект од вашиот однос, особено во евентуалните кавги кои сами треба да ги решавате.

... мисли дека мајка му е слугинка

Вие сте редовни гости кај неговите родители, а тој никогаш не се понудил да и помогне на својата мајка, туку само лежи на кауч? Не оди сам по вода туку бара од мајка му да го направи тоа? Ова се знаци за тревожење и тие покажуваат дека покрај себе имате мрзлив човек. За неговото однесување можеби и таа е делумно виновна затоа што секогаш правела се наместо него, но без оглед на тоа, секој зрел маж треба да има доволно почит и да и помага на својата мајка.

... нема почитување за својата мајка

Ако е дрзок кон неа без причина и кажува неубави работи, дури и кога е со вас, треба да знаете дека си имате работа со безобразен и невоспитан маж кој сигурно не сакате да го имате покрај себе, затоа што еден ден така може да се однесува и кон вас.

... не е близок со неа

Запаметете дека често постојат оправдани причини за отуѓувањето на мајката и синот и дека некогаш и не може никому да се замери за тоа. Но, ако во прашање е размазено синче, кое едноставно нема трпение за својата мајка, тогаш тоа е друга приказна. Ако нема време за првата жена која го сакала во животот, тогаш и неговата партнерка нема да му биде приоритет.