Каков е забавниот живот и понуда во Скопје?Средба на Трајановски со сопственици на угостителски објекти

Граоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска, оствари средба со поголем број сопственици на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје.

На оваа редовна средба помеѓу градоначалникот Трајановски и сопствениците на угостителските објекти, се дискутираше за повеќе теми и се разменија идеи за подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје.

- Една од насоките каде што доминираа нивните предлози се дека треба да се зголеми културно-забавната понуда, пред се во летниот период. Сметам дека на овие средби тие ни дадоа голем број одлични и супер идеи, кои во наредниот период ќе ги разгледаме и повторно ќе се сретнеме со конкретни насоки за да ги реализираме истите. Целта е во месец август да понудиме одлична забава во Скопје. На 8 август во Скопје ќе се одржи Фудбалскиот Супер куп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и практично од тогаш ќе започне големата забава во Скопје. Сметам дека сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат нашиот град, ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини – кажа градоначалникот Трајановски.

Претставниците на сопствениците на угостителските објекти потенцираа дека имаат одлична соработка со Градот Скопје, и имаат редовна комуникација за сите идеи, предлози и проблеми со коишто се соочуваат.