Освен што на мажите им делува како седатив од три милиграми, а на жените им помага во борбата против депресијата, тој ја зголемува и толеранцијата на болка. За 87% од жените, сексот е омилена физичка активност, а со тоа тој го чува здравјето на нашиот мозок, срце и го подобрува сонот.

Српскиот уролог и сексолог Горда Попоовиќ објаснува дека една од причините зошто треба редовно да практикуваме безбеден секс е фактот дека тој позитивно влијае на нашето ментално и физичко здравје, но има и позитивен ефект на имунолошкиот систем. Така, луѓето кои редовно пракиткуваат секс барем два пати неделно, имаат за 30 % повеќе заштитни антитела кои штитат од различни инфекции.

Покрај сјајните ефекти на здравјето малку е познато дека оргазамот придонесува до зголемување на нивото на хормонот окситоцин. Тоа е хормон кој има различни ефекти на нашиот организам. Утврдено е дека окситоцинот го зголемува нивото на наклонетост кон партнерот, а исто така е и докажано дека лицата кои се изложени на повисоко ниво окситоцин развиваат повисок степен на доверба кон партнерот.

Исто така, сексот го намалува ризикот од срцев удар, а освен тоа делува позитивно и на белите дробови и мозокот. Тој е одличен начин на умствена релаксација, а доведува до лачење хормони кои директно позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем. Поради тоа, тој придонесува за намалување на крвниот притисок, а со тоа го намалува и ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Освен тоа сексот е добар и за :

Детоксификација на организмот – ја подобрува циркулацијата, што значи дека органите се подобро снабдени со кислород, а штетните материи од организмот полесно се исфрлаат на отј начин.

Виткост и кондиција – за половина час водење љубов се троши еднаква количина калории како и 20 минутна прошетка.

Добро расположение – оргазамот го поттикнува лачењето на хормонот серотонин, кој е хормон на среќата.