Како жените го поднесуваат раскинувањето, а како мажите?

Жените по природа се заљубливи, додека пак мажите ретко се решаваат да го подарат своето срце. Психолозите велат дека мажите потешко се справуваат со раскинувањето, токму затоа што тешко се отвораат.

Жените многу побрзо ги препознаваат знаците кои велат дека на врската и дошол крајот, додека пак на мажите им е потребно повеќе време. Тие се потпираат на левата страна на мозокот која е задолжена за логичко размислување, додека пак кај жените поизразена е десната страна која е одговорна за интуицијата, чувствата и изразувањето.

Како жените го поднесуваат раскинувањето, а како мажите?

По раскинувањето, жените имаат потреба да ги споделат своите чувства со пријателките и семејството. Тие не ги задржуваат работите во себе, како што тоа го прават мажите. Во нив не се собира горчина, а болката излегува на површина,  поради што и побрзо можат да продолжат со животот.

За разлика од нив, мажите не ги споделуваат своите чувства со другите. Тие најчесто ги поттиснуваат во себе и се преправаат дека се е во ред. Ова се заклучоците на британската секс терапевтка Трејси Кокс.

Мажите се затрупуваат со работа за да не мислат на бившата, бараат утеха во алкохолот и други жени. Тие ќе направат се за да не се соочат со раскинувањето и болката која оди заедно со тоа. Искажувањето на чувства за нив е знак на слабост и патетика и не сакаат да излезат слабичи пред своите пријатели.

Тој губи повеќе пријатели

По раскинувањето, бившите партнери се приморани да создаваат нов и независен живот. Жените во таквите моменти повеќе се потпираат на пријателките, а мажите се вртат кон своите пријатели кои се самци. Тие најчесто ги отфрлаат заедничките пријатели кои ги имале со бившата, затоа што не сакаат да слушаат за бившата.

Таа изгледа подобро

По раскинувањето, жените најчесто го менуваат својот изглед, фризура или стил на облекување и со самото тоа го наговестуваат новиот почеток. Новиот изглед им ја подгинува самодовербата и изгледаат подобро. За разлика од нив, мажите патат во тишина и тоа се одразува на нивниот изглед. Уморот, исцрпеноста и непроспиените ноќе си оставаат трагови.