Како здравата храна влијае на нашиот организам?

Погледнете што ќе се случи во вашиот организам по консумирање на неколку здрави намирници…

Храната која одлучуваме да ја јадеме може да манипулира со нашето цревно здравје, хормоните па дури и со нашите мозочни функции. Предностите од здравата исхрана започнуваат да се појавуваат на нашите тела по само 20 минути од тој прв здрав гриз.

„Бактериите кои живеат во цревата во просек се делат на секои 20 минути“, објаснува Тери Валс, професор по медицина на Универзитетот во Ајова.

Во првите неколку саати

Ќе доживеете поздраво функционирање на мозокот. „Поради врската меѓу системот за варење, храната која ја јадете влијае на вашиот мозок во рок од еден час“, продолжува Валс. Зголемениот внес на шеќер ви донесува повеќе воспаленија, а зголемениот внес на зеленчук помалку воспаленија и здрава работа на мозокот.

Во првите три дена

Вашите хормони се стабилизираат за само 72 часа откако ќе започнете со „чиста“ исхрана и со избалансиран внес на јаглени хидрати, зеленчук и овошје, а не преработена храна, „вашето ниво на инсулин и кортизол ќе се нормализираат“, вели докторката Сара Готфред. Тоа ќе резултира со многу повеќе енергија, а мастите околу стомакот ќе започнат да се топат.