Како за 250 денари да направите колачиња за 4 лица?

Ако некогаш ви е потребно да заштедите време и пари, а сепак да имате нешто сочно и слатко, подгответе ги овие посни чоколадни бомбици.

Состојки:

150g  шеќер

3 лажици вода

160g мелени посни бисквити

30g мелени лешници

50g крупно сечкани лешници

50g чоколадо за готвење (задолжително проверете ги состојките дали е посно)

Подготовка:

Истопете го шеќерот додека добиете златно жолта боја, а потоа додајте ја водата. Мешајте додека шеќерот не се растопи.

Истурете ги мелените лешници и бисквитите, а потоа промешајте додека не добиете еднолична смеса.

Оставете ја мешавината да се олади.

Намокрете ги рацете, обликувајте топчиња и валкајте ги во растопеното чоколадо.

Проросете ги со ситно сечканите лешници и ставете ги во замрзнувач.