Како во скап ресторан: Највкусниот Фунги сос за тестенини

Направете вкусен сос за тестенини како во најелитните ресторани. Фунги сосот кој е омилен на многумина, можете од сега да го правите и дома.

Состојки:

200 гр тестенини

200 гр шампињони

100 гр шунка

100 мл неутрална павлака

масло, сол и зачини

Подготовка:

Тестенините се варат на вообичаен начин во солена вода.

Во меѓувреме додека ги вариме тестенините, се ставаат печурките ситно исецкани на тава со масло, се посолуваат, се ставаат и други зачини по желба, па се додава шунката. На крај се става и павлаката и се остава малку да динста.

Се ставаат и шпагетите кои добро сме ги исцедиле.

Сервирајте со магдонос.