Бидејќи последниот ден пред Христовото Раѓање- Божиќ е строг пост, се подразбира дека на трпезата не треба да има јадења кои содржат масло.

Па така, на трпезата може да имате посно гравче, посна леќа, или некое друго вариво од зеленчук. Варени или печени костени, варена пченица, макало од грав и компир, јаткасти плодови, овошје…

Постот на вода исто така подразбира дека не треба да се пие алкохол, па така, виното оставете го за Божиќ.

Лебчето со паричка, според православната традиција, се прави на Василица, не на Бадник.

Задолжително, пред почетокот на ручекот или вечерата, треба да се каже молитвата кон Бога.