Како утрата да ви почнат поубаво

Со помош на неколку мали трикови, утрото ќе ви започне поубаво, и нема да се чувствувате потиштено и поспано.

Задоволете се себеси

Кога ќе се разбудите, дајте си себеси 30 секунди за да се сетите на барем една работа која би можела тој ден да ви биде пријатна. Ако тоа е торта, нека биде тоа.

Здрав појадок

За појадок треба да внесете протеини и јаглени хидрати, кои ќе ве „држат“ до ручек, како што се овесната каша или тост со путер од кикирики, на кој може да ставите малку цимет, за кој е и докажано дека го подобрува расположението и будноста.

Исто така, кофеинот помага побрзо да се разбудите, па со појадокот можете да испиете и црн чај..

Свеж воздух

Излезете малку на свеж воздух, дури и само на пет минути и правете вежби.

Звуци на природата

Излезете на прозор или балкон, и слушнете ги звуците на природата. Ако тоа не е можно, пуштете снимени звуци од природата.

Разбудете го расположението

Вдишете длабоко пет пати и донесете одлука дека денес ќе бидете добро расположени. Овој трик може да ви помогне и во текот на денот, ако се најдете во ситуација која е напната и непријатна.

Топло чоколадо

Истражувањата потврдиле дека флавоноидите во чоколадото го подобруваат расположението. Протеините и јаглерохидратите во млекото го стабилизираат шеќерот во крвта до ручекот.

Излежувајте се

Не скокајте веднаш од кревет кога ќе заѕвони будилникот. Останете барем уште пет минути „да дојдете на себе“, растегнете се, чувствувајќи го секој дел од телото.

Оваа „свесност“ ќе ви помогне во текот на денот кој е пред вас.

А што ако немате работа?

Ако ви е тешко да станете и да тргнете на работа, размислете како би живееле ако ја немате таа работа. Дали би ви било полесно и поубаво? Ако одговорот е негативен, со полесно срце ќе станете и ќе се спремите за денот пред вас.

Насмевка

Ставете насмевка на вашето лице, и „од никаде“ ќе се чувствувате подобро. Користете ја насмевката во сите прилики. Насмевката на лицето ќе биде добро не само за вас, туку и за вашата околина.

Ментол

Вдишите малку мирис на ментол. Подготвите едно шише етерично масло од мента. Или, можете да ставите кесички чај од ментол на ноќната полица.