Раскинувањето е болна работа особено ако за личноста која повеќе сакала и која повеќе се вложила во врската. Кога нашето срце е скршено, навистина е тешко да се кренеме и да продолжиме понатаму. Ова делумно се случува и поради тоа што нашиот ум си подигрува со нас и нѐ залажува и прави да ни е потешко да продолжиме понатаму. Еве кои мисли ни се вртат во главата и поради кои сме заглавени во место наместо да се движиме напред.

Бившата љубов беше најпрекрасната личност, единствениот, најдобриот...

Нашиот ум ќе се обиде да нѐ потсети на некои од добрите квалитети на нашите бивши. Сликите од најубавите спомени одеднаш ќе ни се појавуваат во глава. Но, тој не небалансиран, нереалистичен и идеализиран портрет на личноста која ни го скршила срцето ќе ја направи болката уште поголема.

Врската беше мед и млеко. Цело време.

Секако дека ова не е точно. Ниту една врска не е стабилна, мирна и среќна 100% од времето, дури и оние долговечните. Има многу тешки моменти и откако ќе раскинете треба да си ги споменувате и нив.

Ако му пишам или му се јавам, ќе се чувствувам подобро...

Поривот да пишеме на нашите бивши љубови може да биде навистина силен. Но, овие работи ќе направат да се чувствуваме уште поочајно и ќе ја ѝ нанесе удар на нашата самодоверба.

Ако зборувам со моите пријатели за раскинувањето, болката ќе се намали.

Не. Зборувањето за емотивно болните настани е природно, дури и корисно, доколку го правиме на начин кој ќе помогне да го решиме проблемот или за да ни се признаат чувствата. Но, постојаното повторување на истите детали само ќе ги влоши работите.

Морам да знам точно зошто раскинавме!

Да, убаво е човек да разбере зошто се случило раскинувањето. Но, многу малку луѓе добиваат јасно и искрено објаснување за тие работи. Вашиот обид да влезете во главата на вашите бивши за да сфатите што се случува е невозможна мисија. Најубаво е да се помирите со тоа дека едноставно тие не се за вас.