Како што проаѓаат годините, сакам да имам што помалку време за неважни работи.

Сѐ помалку да се посветувам на непотребни препукувања и кавги, а сѐ повеќе да го чувам својот внатрешен мир. Како што проаѓаат годините, сфаќам колку не е важно да се размислува за враќање, одмазди и сплеткарења, туку времето да го поминуваш со луѓето кои ги сакаш и кои те сакаат, сфаќајќи дека тоа е луксуз.

Како проаѓаат годините, се помалку придавам важност на брзината на овој свет да ми набива стрес, затоа што сфаќам дека ништо не е толку важно и дека сѐ може да се одложи и дека ништо не се мора – освен да се умре. Како пропаѓаат годините, сѐ почесто барам луѓе кои се слични на мене, а сѐ помалку ми требаат луѓе кои се држат на високо.

Како проаѓаат годините, сѐ помалку сакам да им се оправдувам на другите за моите постапки и за тоа зошто менувам некои работи, а некои не. Сакам да имам повеќе време за себе, а помалку за луѓе кои се со мене само затоа што во моментот не можат да бидат со некој друг, па ете така со мене убиваат време и самотија. Како проаѓа времето, сфаќам дека тишината понекогаш е најдобар одговор на сите напади.

Како проаѓаат годините, сфаќам колку скапо ја платив зрелоста и како многу луѓе не разбираат однос во кој довербата и искреноста е нешто што се подразбира, туку мораат посебно да го нагласат тоа. Не знам уште колку време имам, но знам дека тоа време не смеам да го трошам на нешто на коешто искуството веќе ме научило дека треба да го игнорирам. Се повлекувам од сите неважни работи, затоа што сакам уште малку да го почувствувам доброто коешто животот ми го дава.