Како се славела Нова година во Скопје во 1967 година (видео)

Погледнете како изгледал нашиот главен град за време на новогодишните празници во 1967 година.

Деновиве на интернет кружи видео од новогодишниот дневник на Радио-телевизија Скопје.

На видеото се гледа како скопјани се подготвуваат за пречекот на Нова година, а возбудениот репортер Ристе Таваганов ја пренесува атмосферата во градот и разговара со Дедо Мраз.