Како се однесува личноста која планира да ве остави?

Доколку почнавте да се сомневате во однос на некои знаци кои ги покажува другата личност, ова е најдобриот начин за да бидете сигурни.

Ќе престанат да прават планови со вас.

Понекогаш, постојано бевте заедно, а сега се однесуваат како да ја користат секоја прилика за да го избегнат гледањето со вас.

Почнуваат да комуницираат со други личности.

Можеби нема да ве изневерат во вистинска смисла на зборот, но тие веќе го планираат своето бегство од врската и сакаат да бидат сигурни дека нема да бидат сами по нејзиното завршување. Дали мобилниот телефон е постојано во нивните раце?

Престануваат да ви се доверуваат.

Некогаш бевте првата личност на која и се јавуваа кога нешто ќе се случеше, а сега веќе тоа не е случај. Всушност, веќе и не знаете што се случува во нивниот живот.

Им пречи сѐ што правите.

Ако забележувате дека се раздразливи, тоа веројатно е начин на кој тие се носат со своите чувства околу прекинувањето на врската, кои веројатно и се многу збунувачки за нив.

Започнуваат кавги без причина.

Токму таквата раздразливост прави да им пречи се што ќе направите. Кавгите се само начин за да ви покажат дека врската веќе нема никаква смисла.

Го избегнуваат сексот.

Тоа веќе покажува дека не сте им привлечни. Има ли нешто што е поочигледно од ова?

cheap nike air max 90