Како се чувствувате кога треба да прејдете улица како пешак или велосипедист во Скопје? (видео)

Дали зеленото светло на семафорите низ градот е доволно долго за лица кои не се со максимална физичка подвижност да ја преминат улицата без да поттрчнуваат?

Не смее единствен параметар во програмирањето да биде намалувањето на метежот со возилата. Параметри треба да се и брзината на пешак од различни возрасти и способности, брзината на точакот која е различна од онаа на пешакот и веројатно поради тоа се потребни и издвоени семафори за едните и другите...

Семафор на булевар Илинден во Скопје со прекратко времетраење на зеленото светло за пешаци и велосипедисти.