Како самите да направите поздрав и посвеж помфрит?

Денес за вас имаме рецепт за помфрит. Самите направете подобар, поздрав и посвеж помфрит.

Состојки и подготовка:

  • 4- 5 поголеми компири
  • 0.5 литар зејтин
  • Сол
  • Вода

Измијте ја лушпата од компирот, а потоа излупете го, повторно измијте го и исечете го на тенки стапчиња (помфрит). Ставете го помфритот во чинија и прелијте го со ладна вода. Оставете така да стои во фрижидерот во период од 1-2 часа. По истекот на тоа време, исцедете ја водата и уште еднаш измијте ги компирите под млаз вода.

Издвојте ја помалата количина од компирите и исушете ја со крпа, па потоа спуштете ги да се пржат во врел зејтин.

На почетокот не мешајте многу за да не се распадне компирот, а подоцна слободно мешајте и вртете ги компирите за рамномерно да се испржат и да добијат убава и рамномерна боја. Пржениот компир ставете го на салфетка за да се исцеди од вишокот зејтин. Така печете се додека не го испечете целиот помфрит.

Посолете го и послужете се додека е врел и крцкав.

Пријатно јадење!