Како размислувал Сталин?

Јосиф Висаиронович Сталин е еден од најпознатите историски ликови, човекот кој безмилосно владеел со својата земја и кој е одговорен за смртта на милиони луѓе.

Еве некои од неговите најпознатите мисли:

„Доволно е луѓето да знаат дека изборите се одржале. Луѓето кои гласаат не одлучуваат ништо. Луѓето кои ги бројат гласовите одлучуваат за сѐ.“

„Смртта ги решава сите проблеми. Нема луѓе – нема проблеми.“

„Идеите се многу посилни од оружјето. Ние никогаш не би дозволиле нашите непријатели да имаат оружје, па зошто би им дозволиле да имаат идеи?

„Кога ќе ги бесиме капиталистите, тие ќе ни го продадат јажето кое ќе го користиме за бесење.“

„Доколку некој министер за надворешни работи почнува до  смрт да брани некаква „мировна конференција“, можете да бидете уверени дека неговата влада веќе издала наредба за нови воени бродови и авиони.“

„Папата? Колку дивизии има тој?“

„Во советската армија потребно е повеќе храброст да се повлечеш отколку да напаѓаш.“

„Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони е статистика.“

„Искрен дипломат е како сува вода или дрвено железо.“

„Образованието е оружје, а неговите ефекти зависат од тоа кој го држи во свои раце и кон кого е насочено.“

„Писателот е инженер на човековата душа.“

И уште интересна анегдота поврзана со неговата мајка. На една од своите посети тој ја запрашал: „Мајко, зошто ме тепаше толку многу?“, а таа му одговорила: „Токму затоа излезе толку добар човек.“ Иронија.