Понекогаш кога нештата ќе тргнат на лошо, се прашуваме зошто ни се случува тоа што ни се случува и дали го заслужуваме тоа.

Во нашиот живот делува една теорија на привлечноста, според која сличното привлекува слично. Тоа е еден од законите кои говори за тоа дека нештата кои се случуваат во нашиот живот се дел од нашата потсвест.

Тоа значи дека самите привлекуваме несреќа. Можеби звучи апсурдно, но тоа е така. Кога ќе се случи нешто лошо ние сме го привлекле на некој начин. Тоа најчесто го правиме со своите мисли. Така, до израз доаѓа херметичкиот закон: како одвнатре, така и однадвор. Тоа значи дека тоа што го размислуваме, тоа и се остварува.

Но, како го правиме тоа?

Грижа

Грижата е еден од начините на кои што привлекуваме несреќа. Иако е многу честа во нашиот живот, таа е негативна особнина. Што всушност правиме? Дури и за една најмала, најобична ситуација ние правиме црни сценарија, се грижиме, праќаме негативна енергија и на тој начин создаваме лош исход. Најдобро е секогаш наместо да се грижиме за тоа, да праќаме благослов, мили зборови, внимание, радост и задоволство.

Страв

Кога правиме нешто ново, не сме сигурни за резултатот. Па така до израз доаѓаат стравовите: дали ќе биде добро, дали ќе стигнеме на време, дали другите луѓе ќе бидат задоволни од нас. И на тој начин, предизвикуваме грешка или некаков негаитвен исход и си велиме: знаев дека ќе тргне на лошо. Не знаевте, туку го привлековте лошото со вашето размислување.

Причините за ваквото однесување лежат во нас. Тие се базираат на нашите минати искуства, комплекси, стравови, а често се резултат и на реакциите на луѓето околу нас, односно најчесто на нашите родители, наставници и претпоставени на работното место. Тоа се луѓето кои често кога сакаме да направиме нешто, ни велат дека не знаеме како функционираат нештата и дека сигурно нешто ќе згрешиме.

Но, таквите мисли не ни се потребни. Тие лежат на дното на хиерархијата на стравот и се резултат на нашите чувства. Потребно е да се ослободиме од нив, односно од минатите искуства кои се базата на таквите мисли и стравови. Но, тоа не може да се случи одеднаш. Тоа бара напорна работа, чекор по чекор.

Наместо тоа, треба да се потрудиме да креираме позитивно размислување. Да се движиме во кругови каде не сакаат и поддржуваат и каде нашите грешки не се гледаат така страшно. Потребно е да се трудиме да бидеме задоволни од тоа што го правиме и генерално да бидеме задоволни од животот кој го живееме.

На тој начин, ќе ги насочиме нашите мисли, но и ќе шириме задоволство и среќа за себе и за другите.